Кинеската компанија „Синовак биотек“ соопшти дека клиничките испитувања покажале дека нивната вакцина против ковид-19 е речиси 20 проценти поефикасна и докажано е дека речиси 20 проценти е поефикасна кај помала подгрупа пациенти чиј временски интервал помеѓу двете дози бил подолг.

Кај 1.394 пациенти што примиле дози на „коронавац“ или плацебо на растојание од три недели ефективноста е речиси 70 проценти, изјави портпаролот на компанијата.

Бразилските експерти минатата недела објавија дека ефикасноста на вакцината е 50,4 проценти, врз основа на резултатите од 9.000 волонтери, од кои повеќето добиле две дози во растојание од 14 дена, како што е наведено во протоколот за клиничко испитување.

Временскиот интервал помеѓу две дози на вакцината стана главна тема меѓу научниците, регулаторите и владите. Британскиот регулатор соопшти дека вакцината против ковид-19, произведена од „Астра зенека“ и од Универзитетот „Оксфорд“, е поефикасна со подолг временски интервал помеѓу двете дози отколку што првично се очекуваше.