Истражувањето спроведено во Шпанија покажало дека овој пијалок, доколку се консумира умерено, има повеќекратно добро влијание врз здравјето.
Во оваа мета-анализа, неодамна објавена во списанието Nutrients, тим научници од Шпанија анализирале студии од 2007 до 2020 година, кои ги испитувале здравствените ефекти на повеќето алкохолни пијалоци.
Еве што е откриено за ефектот на пивото, но имајте на ум дека тоа важи само за умерено консумирање – дневниот максимум е еден пијалок за жени и два за мажи.
- Заштитува од кардиоваскуларни болести
Научниците истакнуваат дека пет од шесте студии што ги анализирале откриле дека „умереното консумирање на овој алкохолен пијалок штити од кардиоваскуларни болести“.
Ова тврдење важело за оние кои редовно консумирале 3,9 децилитри пиво неделно, наспроти оние кои го пиеле само повремено.
- Го намалува ризикот од дијабетес
Мажите кои не пијат имаат значително поголем ризик од проблеми со регулацијата на гликозата, во споредба со оние кои повремено пијат пиво, што доведува до заклучок дека повременото консумирање пиво ги штити мажите од дијабетес, велат научниците.
- Добро е за коските
Анализирајќи ја густината на коските и ризикот од фрактури кај постарите учесници во студијата, истражувачите заклучија:
Многу ниските нивоа на консумирање пиво се поврзани со намален ризик од фрактура.
Научниците го објаснуваат ова тврдење велејќи дека
безалкохолните компоненти содржани во пивото ги стимулираат клетките на остеобластите, ја подобруваат структурата на коските и помагаат во реминерализирање на коските и забите.
- Го намалува холестеролот
Научниците изјавија дека неколку студии докажале дека пивото го зголемува нивото на добриот холестерол и го регулира начинот на кој телото го обработува лошиот холестерол, благодарение на антиоксидансите што ги содржи овој пијалок.
Тие истакнуваат дека овој ефект има многу мала количина на пиво, и дека е доволно да се консумираат меѓу 0,1 и 0,2 децилитри.