Правилата на Европската унија за дигиталните сертификати за коронавирусот ќе останат во сила уште една година поради се уште актуелната пандемија на болеста.

Претставниците на Европскиот парламент и на владите на земјите-членки синоќа се согласија да ги продолжат правилата до 30 јули 2023 година, соопшти француското претседателство со Советот на ЕУ, додавајќи дека прописите би можеле да бидат укинати и порано доколку ситуацијата го дозволи тоа.

Сертификатите беа воведени како мерка за олеснување на движењето на луѓето за време на пандемија. Користејќи QR-код сертификатите даваат информации за тоа дали некое лице било вакцинирано против Ковид-19, имало негативен тест или ја прележало болеста.

ПРЕКУВработување
ИЗВОРNezavisen
претходниот член,Образованите ни се невработени професионалци, интелектуалците ги нема, а елитата се продавачи на ветер и магла и предавници!
Следната статијаВо Македонија во април евидентирани 47.617 туристи

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде