Меѓу денешните популарни диети се таканаречените „детокс“, режими од само неколку дена кои „ветуваат“ дека телото ќе се исчисти од сè што сме внеле.
Детоксикациите наводно го чистат црниот дроб, бубрезите, дигестивниот систем, некои кои ги препорачуваат дури велат дека ја чистат крвта.
И секој кој некогаш претерал со храна или пијалок можеби бил во искушение да проба детоксикациска диета.
Но, дали е навистина здраво? Специјалистот за хигиена и исхрана проф. Д-р Јагода Јорга го кажа своето мислење во емисијата „Уранак“ на телевизија К1.
Многумина ќе ја споредат детоксикацијата со процесите што ги применуваме на машините или автомобилите – менуваме филтер, масло, но човечкото тело не е автомобил. Дали е добро да не јадете цел ден, или да пиете само цедени сокови?
–Апсолутно не. Детоксикациите се една од најлошите диети во моментов, тие се меѓу првите пет на листата на тренди диети. Гладувањето или автофагијата не се далеку од пристапот на таканаречената детоксикација. Апсолутно тоа се екстремно, екстремно лоши работи , рече таа.
–Кога внесуваме еден ден детоксикација, свежо исцеден зеленчук и овошје, тоа е цунами од шеќер во телото. Не ги сменивме филтрите туку ги затнавме, а тој шеќер треба да се депонира во сите можни клетки, мора да се залепи некаде, а со тоа го забрзува стареењето на клетките и доведува до смрт на клетките. Детоксикациите се нешто што апсолутно не треба да се применува, вели таа.