Граѓаните кои лани не ги искористија ваучерите за туризам, може да ги искористат годинава.

Граѓаните кои не ги искористија своите платени аранжмани за летен одмор во 2020-та година тоа може да го сторат во периодот што следи.

Најголем дел од ваучерите кои ги добија се за во Грција па така во туристичките агенции се работи со засилено темпо на договорите за искористување на ваучерите кои граѓаните ги добија минатата година.

Од Агенциите велат дека граѓаните се јавуваат и си ги обновуваат резервациите за летување а повеќето се за после 10 јули за да може да се вакцинираат и со тоа да го надминат задолжителниот ПЦР тест.

Актуелни дестинации за летување , нагласуваат од агенциите,оваа година се: Грција, Турција, Албанија, Црна Гора, Египет и секако домашните капацитети во Македонија.

Понудена е и опцијата за пренесување на ваучерот на друго лице.

Доколку граѓаните не можат да патуваат, може да го променат името, односно да го подарат ваучерот или да го отстапат на нивни блиски луѓе

Од агенциите нагласуваат дека интересот е голем и за аранжмани кои не вклучуваат ваучер, бидејќи за Албанија и Црна Гора не е потребен ПСР тест.

Што се однесува до домашниот туризам, промотивната кампања „Сигурно како дома“ повторно им овозможува на нашите граѓани да летуваат во границите на нашата земја, и тоа секако на високо ниво според сите безбедни мерки за заштита.

Инаку јавниот оглас за пријавување на хотели и останати лиценцирани сместувачки капацитети кои ќе примаат гости со ваучери за домашен туризам истекува на 31 мај а пак ваучерите за патување мора да се искористат заклучно со 31.12.2021.