Денеска ќе се знае дали основците од среда ќе одат без маски на училиште, а студентите ќе следат предавања со физичко присуство на факултетите.

За предлозите на Комисијата за заразни болести кои беа препорачани пред 2 недели ќе се одлучува на утрешната владина седница.

До кога, пак, маските ќе бидат задолжителни во затворените простории, на настани, за средношколците и наставниците членовите на Комисијата ќе дискутираат во среда.

Во меѓувреме од УНИЦЕФ се со став дека сите мерки, вклучително и маските во училиштата не треба да бидат унифицирани за целата држава.

Доколку во одредена заедница немаме случаи на ковид-19 во тој случај би можело да се намалат мерките, односно да нема потреба да се носат маски итн., меѓутоа доколку има случаи на Ковид треба да се придржуваме до мерките. Треба да имаме доверба во работата на Комисијата-изјави Патриција Ди Џовани , претставничката на Фондот за деца на ОН – УНИЦЕФ.

За слабиот опфат на вакцинација против ковид во земјава кој со месеци е околу 40 отсто, претставничката на УНИЦЕФ вели дека слична стапка има во многу држави, но потенцираше дека потребно е да се направат студии преку кои ќе се увидат знаењето, однесувањето и практиките на луѓето зошто не се вакцинираат.