Еден банкар од далечниот Нов Зеланд пристигнал во Босна и Херцеговина разурната од војна во 1997 година со навидум невозможна задача.
Со искуството од земја која не се борела со векови, треба да го обедини монетарниот систем на земја каде секој народ ги користи своите пари.
Србите го користеа југословенскиот динар, Хрватите хрватската куна, Бошњаците босанскиот динар што го воведоа за време на војната.
Единствената валута што ја користеа сите делови на земјата беше германската марка, изјави за Би-Би-Си Питер Никол, првиот гувернер на Централната банка на Босна и Херцеговина (БиХ).
Новата валута во БиХ е создадена врз основа на Дејтонскиот мировен договор, со кој заврши војната во оваа земја, а беше претставена на 21 јануари 1998 година.
Поради довербата на луѓето во германската марка, таа беше именувана – конвертибилна марка.