Невообичаено истражување покажа уште поневообичаени последици врз човечкото расположение и психа.

Имено, научниците од Универзитетот во Охајо ја потврдија тезата дека бојата на светлината што гори во текот на ноќта е важен фактор што силно влијае на расположението.

Црвеното светло се покажало како најдобро, бидејќи под такво светло скоро и да нема знаци на депресија и промени во мозокот…

Како прво, научниците тврдат дека во текот на ноќта, не смее да се вклучува светло, бидејќи тоа директно влијае на нашата психа во текот на денот.

Сината светлина има најлош ефект, проследена со бела, а црвената светлина се покажа како најдобра, бидејќи под таква светлина скоро и да нема знаци на депресија и промени во мозокот.

Секако, најдобри резултати имале испитаниците кои спиеле во целосен мрак. Но, направено е истражување за да им се помогне на луѓето кои работат ноќе.

Заклучокот на водачот на истражувањето е дека работниците кои работат ноќе треба да бидат изложени на црвено светло со цел да се минимизираат симптомите на депресија на кои се подложни.

Покрај тоа, ова истражување може да се примени на луѓе кои користат различна електроника како што се телевизори или компјутери по зајдисонцето.