Досега неколку европски земји поднесоа тужби до „Европскиот суд за човекови права“ против носителите на мерки барајќи да се утврдат правните основи и оправданоста на мерките кои беа носени од почетокот на пандемијата па досега.
Во Македонија се носат ригорозни мерки кои ги тангираат особено невакцинираните. Во вчерашната изјава, министерот за здравство потврди дека целта на мерките е да се стимулира растот на бројот на вакцинирани.
Затоа мерките за здравствена заштита може слободно да ги преименуваме во мерки за стимулирање на растот на бројот на вакцинирани.
На социјалните мрежи, дури и припадниците на лекарската фела ги напаѓаат мерките. Најмногу забелешки се адресираат токму на непостоечкото разликување на невакцинираните од оние кои го прележале вирусот. Мерките се контадикторни бидејќи слобода на движење целосна им се дозволува само на оние кои вирусот го прележале во последните 45 дена.
Министерот за здравство призна дека, на скорешните случаи им се остава простор да се вакцинираат наскоро иако претходно, препораката беше лица со прележан вирус да не се вакцинираат 6-8 месеци поради постоењето на антитела, но и токму тие лица кои го прележале вирусот и до 8 месеци можеа да даруваат крвна плазма за лекување на пациенти кои се моментално болни од ковид.
Голем број на лекари видоа несогласување на новите мерки кои се однесуваат на прележаните со состојбите во реалноста. Новите истражувања покажуваат дека природниот имунитет трае дури и по една година од заразата, а тестот на антитела го потврдува нивното присуство и кај пациенти кои биле повеќе од 10 месеци заразени со вирусот.
Јасно е дека мерките не се креирани врз база на медицинските извештаи и знаење од науката, туку се препишувани од мерки кои се веќе воведувани во други светски држави.
Не е извесно дека мерките даваат резултати, но извесно е дека репресијата навлегува во просторот на човековите права и слободи.
- Успешноста на мерките
По носењето на новите мерки, не само во Македонија, туку и во другите европски држави, луѓето не можеа да ручаат во ресторани и да посетуваат молови каде што собирите секако беа со ограничен број и со стриктно почитување на протоколите за заштита.
Ама затоа луѓето ги извадија на улица, па илјадници незадоволни протестираат против мерките без почитување на обврските што ги налагаат протоколите за заштита.
Тоа е уште еден показател дека надлежните не се заинтересирани за здравјето на луѓето, туку за нивната потврда за вакцинација.
- Чија е одговорноста за мерките?
Одговорноста на мерките е на нивните носители. Без разлика кој ги порачува или чија агенда се спроведува, валидниот документ кој е подложен на одговорност е оној што се објавува во Службен весник (јавно достапен) а на кој се наведени потписите на носителите на мерките.
Апликација до Европски суд за човекови права може да поднесе поединец, а за поединечни апликации се сметаат оние кои се поднесени од страна на некое лице, група на
поединци, компанија или НВО кои имаат приговор за повреда на нивните права.
Правно застапување не е неопходно барем во почетните фази од разгледувањето на апликацијата.
- Мерки со правосилно значење
Без разлика на тоа дали верувате во постоење на вирусот или не, без разлика дали сметате дека носењето маска не штити од вирусот, при влегување во затворени простори вие мора да ја носите.
Доколку се спторивставите на мерката, предвидена е казна која е парична (за неносење на маска), но многумина се соочија и со обивиненија за сторено кривично дело (загрозување на јавно здравје) поради што е предвидена и казна затвор.
Поединечната одговорност се процесира, но никој досега не побарал одговорност од носителите на извршните функции на власта за носење на мерки кои не даваат резултати во спречување на вирусот, но и тоа како прават повреда на човековите фундаментални права и слободи.