Водата е многу важен дел од нашето целокупно здравје, дехидрацијата може да доведе до разни проблеми. Меѓутоа, кога станува збор за хидратацијата, можно е да пиете премногу вода.

Дали е можно да се пие премногу вода?

Според лекарот, бубрезите можат да излачуваат само еден литар вода на час. Ако пиеме повеќе, може да доведе до интоксикација со вода и електролитна нерамнотежа.

Предупредувачки знаци дека пиеме премногу вода

Најчестите знаци на прекумерна хидратација се конфузија, дезориентација, гадење и повраќање вели д -р Ланг.

Во тешки случаи, дополнителни симптоми може да вклучуваат грчеви во мускулите, слабост, висок крвен притисок, двојно гледање и отежнато дишење.

Знаците и симптомите на прекумерна хидратација се резултат на разредување на нашите електролити.