Смртта не постои и со самото тоа знаење исчезнува стравот од неа. И запомнете: ниту еден човек кој постоел не умрел. Тие се претворени во светлина и како такви сè уште постојат. Тајната е како овие светлосни честички да се вратат во првобитната состојба. Враќање на една од претходните енергии. Христос и некои други ја знаеја таа тајна. Барав начини да ја зачувам човечката енергија. Тоа е еден од видовите на светлина. Во Душата понекогаш е еднаква на врвната небесна светлина. Не го барав тоа за себе, туку за доброто на сите. Верувам дека моето откритие ќе го направи животот на луѓето полесен и поднослив и ќе ги насочи кон духовноста и моралот.
Никола Тесла
Што е тоа што Тесла го знаеше а нам се уште не ни достапно?
За еден физичар е неприродно да падне ниско и да се оптеретува со „земските” гревови. Да се занимава со интриги и сплетки, љубомора и завист, со она што нема трајна вредност, со она што е неважно.
Физичарите, што би рекол Његош, се високо качени на планината и гледаат многу далеку, гледаат галаксии, паралелни светови и од таа висина мора да ја презираат човечката глупост. И уште повеќе , да се обидат да го направат светот подобро место за живеење, да го поттикнат доброто во секој човек!
Но, што знаеше Тесла, а ние не можеме да го разбереме?!
Тесла , многу добро го знаеше , законот за запазување на енергијата кој гласи: Енергијата не може ниту да се создаде ниту да се уништи, туку само преминува од еден вид во друг.
Значи ние луѓето, сме создадени од атоми, за кои зборуваше Демокрит уште пред нашата ера, 80 % од нашето тело е впрочем составено од молекули на вода. Сите тие атоми во нашето тело осцилираат на одредена фреквенција, што значи сите ние имаме енергија. Таа енергија е во нашето тело механичка, хемиска,….при што согласно законот за запазување на енергијата таа не може да се уништи!
Односно, Тесла тврди, дека таа енергија преминува во светлинска енергија! Што во превод значи дека смртта не постои, постојат само претворби на енергијата! Фасцинантно!
Од друга страна, Тесла знаел за Шредингеровата равенка и неговиот мидловен екперимент наречен „Шредингерова мачка”.
Шредингеровата равенка укажува на веројатноста да се најде електронот во одредено место од просторот…
Експериментот со Шредингеровата мачка целосно укажува на постоење на паралелни светови. Се пушта фотон кон полупропусно огледало и истиот тој фотон и се одбива и поминува низ огледалото со што се креираат два света!
Во едниот свет ако ставиме во фотонот отров мачката ќе умре а во другиот ќе биде жива!
Потоа тие фотони се интерферираат и повторно стануваат едно. Значи мачката како, макроскопски објект, е едновремено и мртва и жива односно таа веројатност е 50:50.
Но, кога тие светови ќе интерполираат, мачката нема да се сеќава на ништо.
Практично од квантномеханички аспект, постојат безброј паралелни светови, кои се паралелни во времето, но не можат да комуницираат помеѓу себе и кога би се интерполирале не би се сеќавале на ништо!
Која иронија?! Можно е паралелно да егзистираме во безброј светови, во безброј „замрсени состојби”, при што набљудувачот и набљудуваното се дел од еден систем!
Тука би сакал да кажам збор два и за двојната природа на електронот како и за Ајнштајновата равенка E=mc^2.
Електронот, во одредени појави(рефлексија,прекршување), се однесува како честичка, а во други случаи (дифракција , интерференција…) како бран.
Како е можно?!
Ем честичка, материја, ем бран енергија!
Во библијата знаеме за Светото тројство , кое е манифестација на Отецот во Син и Свет Дух.Дали можеби и електронот има тројна природа?
Тоа засега не знаеме!
Многу фасцинантна и убава равенка во физиката е Ајнштајновата равенка за врската помеѓу материјата и енергијата, Е=mc^2. Што кажува оваа равенка?
Со прости зборови оваа равенка укажува дека материјата и енергијата се еднакви. Односно дека секоја енергија може да се материјализира и обратно.
Ако нашите мисли се енергија тогаш можеме да ги материјализираме! Баш секоја мисла! За тоа се зборува во откровението каде 144000 одбрани луѓе преку молитва ги материјализираат своите мисли!
За крај, како шлаг на торта, ќе дадам кратка интерпретација на познатата Диракова равенка.
Последица на неа е појавата наречена „квантна спрегнатост”.
- Што тоа значи?
Ако две честички се дел од еден систем и ако ги раздвоиме, тие ќе продолжат да постојат независно една од друга. Но она што и се случува на едната честичка инстантно другата честичка знае за тоа! Дури ако другата честичка ја однесеме на крај на универзумот, таа засекогаш останува поврзана (спрегната) со првата честичка.
Односно ако две души се љубат безусловно остануваат поврзани засекогаш, до крајот на времето!
Оваа равенка се нарекува Диракова равенка за љубовта!
Да живее безусловната љубов!