Слатките се омиленото забрането овошје на многу луѓе. Не е невообичаено луѓето да станат зависни од шеќер поради редовно консумирање слатки, а потребата од него е постојана.
Оваа навика често може да се претвори во проблем на борба со вишокот килограми, поради што е исклучително важно да ја држите под контрола.
Еве три совети кои треба да ги следите за успешно да избегнете прекумерно внесување шеќер во организмот.
Избегнувајте слатки „без шеќер“
Доколку ве „фати“ желбата и потребата за слатки, не е грев да изедете неколку бонбони или ред чоколади, се додека слатките се јадат во нормални количини.
Верувале или не, оваа класична опција е многу подобра од оние диетални, „без шеќер“ верзии на слатки. Имено, за да се постигне сладок вкус без употреба на шеќер, во ваквите производи се користат голем број на вештачки засладувачи и ароми. Познато е дека штетно делуваат на организмот, а некои предизвикуваат глад.
Најдете замена за белиот шеќер
Кога сакате да додадете малку сладост на вашето тело, најпаметната одлука би била да јадете овошје. Имено, овошниот шеќер е најздравиот облик на засладувач, а исто така го одржува телото сито подолго од белиот шеќер.
Екстрактот од ванила или циметот можете да го користите како добра замена за белиот шеќер, а има голем број на алтернативи кои на малку поздрав начин ќе ја задоволат сечија потреба за слатки.
Фокусирајте се на вашата целосна исхрана
Со правилна исхрана можете да го „тренирате“ телото да ја изгуби желбата за шеќер. Имено, доколку во исхраната внесете влакна и протеини во поголеми количини од јаглехидратите и заситените масти, подолго ќе бидете посити, а потребата за слатка храна природно ќе ви се намали.