Шолја бело кафе порано беше незаменлив дел од појадокот. Иако во тој пијалок немало ни трага од кафе, вкусот бил сличен.
За тоа е заслужна цикоријата, всушност нејзиниот корен кој не содржи кофеин. Беше одамна заборавен бидејќи луѓето го врзаа за тешки времиња кога беше евтина алтернатива на скапото кафе.
Денес, нутриционистите ја враќаат цикоријата, во форма на прав, како пожелна замена за кафе.
Цикоријата содржи олигофруктоза и инулин, кои учествуваат во регулацијата на грелинот, хормонот на гладта, па помага при слабеење.
Со регулирање и намалување на количината на тој хормон се намалува чувството на глад и постојаната потреба за храна.
Благодарение на олигофруктозата и инулинот, цикоријата создава чувство на ситост и помага при слабеење.
Цикоријата во прав е достапна во сите подобро снабдени продавници за здрава храна, а листата на болести со кои може да помогне е импресивна.