Мултивитаминско-минералниот додаток на храна ги содржи сите најважни витамини и минерали во препорачаните дневни дози, пишува Живим.
Во последно време се чувствувам прилично уморно и без енергија. Имам 56 години. Кои препарати за зајакнување на силата би препорачале? Пијам само лекови за крвен притисок и витамин Ц.
– Јадранка О., Бјеловар
Одговори др. м-р по фармација Мелита Петровиќ:
–Витаминот Ц е добро да се зема, но поради неправилна или неурамнотежена исхрана или ако се чувствуваме уморни, исцрпени или закрепнуваме од некоја болест, подобро е да користиме мултивитаминско-минерален додаток кој ги содржи сите најважни витамини и минерали во препорачаните дневни дози. Покрај тоа, повеќето витамини и минерали меѓусебно се поддржуваат во нивното делување.
Може да се препорача и препарат кој покрај витамини и минерали содржи и некои други корисни состојки, како што е коензимот Q10.
Коензимот Q10 се нарекува и клеточен активатор на енергија, супстанцијата е слична на витамините, човечкото тело ја произведува, но со стареењето оваа способност се намалува.
Поради своето дејство, Co Q10 денес често се користи во лекувањето на синдромот на хроничен замор, а неговото дејство се заснова на неговите антиоксидантни својства.
Денес, земањето Co Q10 често се препорачува при хронични срцеви заболувања и висок крвен притисок.