Честите и ненадејни промени во температурата, воздушниот притисок и нивото на влажност ја предизвикуваат зголемената депресија, дебелината и болните лузни, велат експертите од Универзитетот во Абердин.

Повозрасните пациенти со срцеви заболувања најтешко се справуваат со временските промени, а во оваа категорија спаѓаат и астматичарите. Кај постарите луѓе метаболизмот е побавен, па затоа посилно реагира на хормоналните промени предизвикани од порастот на температурата, па на нив најголемо влијание имаат наглите промени.

Според експертите, во чувствителната група спаѓаат лица помлади од 15 години, бидејќи тие реагираат на влијанието на електромагнетните бранови кои се менуваат во согласност со растот на живата во термометарот.

  • Срцев удар

Ниските температури придонесуваат за згрутчување на крвта и го зголемуваат ризикот од коронарна и церебрална тромбоза, главните предизвикувачи на срцев удар.

Промената на температурата за кратко време од само неколку степени предизвикува стеснување на артериите, ограничен проток на крв и недостиг на кислород што стигнува до срцето, кое поради студеното време побрзо ја пумпа крвта за одржување на телесната топлина.

  • Болки во зглобовите

Како резултат на атмосферските промени на воздушниот притисок се менува нивото на течност што ги опкружува зглобовите, што предизвикува болки во коските – објаснува Роберт Мутс, професор по ревматологија во британската болница „Аинтре“.

  • Мигрена

Ветровито време е исто така поттик за мигрена. Поради ветерот, крвните садови на хипоталамусот, центарот во мозокот одговорен за контрола на телесните функции, се стегаат и отекуваат, што предизвикува силна главоболка.

Еве неколку совети како да се заштитите и да си олесните за време на овие нагли температурни промени:

Облечете се слоевито, пијте многу течности, бидејќи хидратацијата му помага на телото подобро да ја регулира температурата. Исто така, избегнувајте ненадејни промени во температурата, како што е излегување од топол дом директно во студениот воздух – одвојте неколку минути за да се прилагодите на поладна температура пред да излезете надвор.

За да се заштитите, важно е прво да одржувате здрав начин на живот. Редовно мијте ги рацете за да го намалите ризикот од настинки и грип и обидете се да јадете храна богата со витамини и минерали за да го зајакнете вашиот имунитет. Физичката активност исто така може да му помогне на телото подобро да се прилагоди на промените во температурата.