Во последниот месец во Зоолошката градина во Скопје се родија многу бебиња.

Но, уште една убава вест доаѓа од Скопската Зоолошка градина.

За првпат имаме бебе од видот двогрба камила (Бактријан) кое се роди пред една недела. Малиот Буби одлично напредува, постојано е со неговата мајка Мираи, а со таткото Карлос во надворешното живеалиште ќе бидат заедно за околу една недела. Тогаш и сите посетители ќе имаат можност да го видат ова најубаво бебе-велат од Зоолошката градина.