Кожата на усните во текот на зимата особено доживува вистински шок.
Бидејќи влажноста во воздухот е значително зголемена во тој период, водата од усните буквално се суши, а тоа резултира со пукање на кожата, од која не можете така лесно да се ослободите.
Меѓутоа, ако ги следите овие совети, ќе ги заштитите усните на време и ќе спречите пукање, што не е само естетски, туку и здравствен проблем.
За почеток, важно е да избегнете да ги лижете усните, бидејќи на тој начин само уште повеќе ги сушите.
Решението за вистинска хидратација на кожата е во вода, затоа пијте многу од оваа течност, што ќе и даде на вашата кожа потребното количество влага.
Исто така, нанесете балсам за усни пред секоја употреба на кармин, како и пред секое излегување надвор, без разлика дали сонцето сјае или дува ветер, а по туширање потребно е да направите нежен пилинг со мека четка за заби, која ќе се користи само за таа намена.
На овој начин, ќе го отстраните мртвиот површински слој на кожата од усните пред спиење.