Експертите сметаат дека децата кои поминуваат многу време со баба и дедо, добиваат поголема самодоверба, се покомуникативни и полесно поднесуваат порази во животот.

Дали знаете какви можат да бидат бабите и дедовците?

  • Класични типови

Родителите можат да сметаат на нив кога треба да се грижат за своите внуци или кога им треба друг вид помош. Сакаат да се дружат со внуците, но не се мешаат премногу во нивното воспитување.

  • Забавни

Тие се фокусирани да ги забавуваат своите внуци, да си играат со нив, да лудуваат, да се смеат и да уживаат. Секогаш кога се заедно, ќе ги видите како трчаат наоколу со децата, пеејќи …

  • Уште едни „мама и тато“

Има и такви кои се однесуваат како да се мама и тато. Понекогаш претеруваат во грижата, како родителите да не знаат како да се грижат за сопствените деца. Често сакаат да одлучат во кое училиште ќе одат, со какви активности ќе се занимаваат, со кого да се дружат и слично.

  • Семејни мудреци

Тие се глава на семејството, делат совети, ги контролираат родителите… Можат да бидат ненаметливи и да даваат предлози само кога сметаат дека е потребно и корисно, но понекогаш се многу вредни.

  • Далечни роднини

Тоа се баби и дедовци кои ретко поминуваат време со своите внуци, најчесто само за празниците, па децата можат да ги доживеат како странци. Честопати финансиски им помагаат на родителите, но не се мешаат во нивните одлуки, поради што остануваат во сеќавањето како „егзотични“ роднини.