Нивото на болести на црниот дроб кои се поврзани со алкохолот е зголемено за 30 па и 50 посто во однос на периодот пред пандемијата и посебните режими на живот. Тоа таму кај што мерат такви работи. Кај нас веројатно нема ни да го примат човек, пандемија е.

Порастот е астрономски и бројките ни излегуваат од табелите, вели доктор Џелиса Милингер, специјалист за црн дроб од Универзитетот во Мичиген кој лани забележал 30% раст на проблемите со овој орган предизвикани од прекумерна употреба на алкохол.

Други инстанци, како на пример Харвард, пријавуваат зголемување и до 50%.

Неколку студии ги потврдуваат искуствата и сведочењата на лекарите по кои многумина умерени љубители на алкохол, во услови на локдаун и затвореност дома, ја зголемиле дневната доза на бар шише вино дневно.

Проблемите започнуваат со стеатоза (aka замастена јетра), се комплицираат со хепатит а приказната лошо завршува со цироза. За да се дојде до таа крајна и често летална фаза, обично се потребни 2-3 децении озбилно пиење.

Лекарите денес се загрижени што старосната граница е доста спуштена па со сериозни проблеми сè почесто се јавуваат и млади луѓе во доцни 20-ти и рани 30-ти години од животот.

Привлечноста на алкохолот се должи на тоа што ја забавува комуникацијата меѓу мозочните клетки (затоа одеднаш све ти е јасно и немaш никакви дилеми околу тоа) а влијае и врз лимбичниот систем, (амигдала, таламус, хипоталамус) кој ги контролира емоциите па човек се чувствува волшебно ослободен од вообичаените трезни инхибиции.

Па му останува само уште да ја победи гравитацијата: