Основачот на психологија на детето – Алфред Адер говори за два тип ан комплекси, едниот е комплекс на пониска вредност, а другиот е комплекс на повисока вредност.
Комплексите во основа се конвертирани очекувања на средината за сопствените достигнувања кои егото ги презентира произведувајќи слика за себе и емитирајќи ја во социјалната средина.
Без разлика на тоа дали поединецот се справува со комплекс на пониска или повисока вредност тој е во поддеднаква опасност.
Причина за настанување на комплексот се високи очекувата или барања на средината од еден поединец, како и индивидуални карактеристики кои придонеле очекувањата да имаат силен импакт врз егото на поединецот.
- Комплекс на пониска вредност
Едноставно може да се опише како претерано скромна личност. Онаа која се сомнева на своите способности, има ниска самодоверба или едноставно мисли дека вреди помалку одошто реално вреди.
Комплекс на пониска вредност ги прави подинците покорни а има врска со претераната критичност што поединците ја доживеале како деца од родителите, старателите, учителите и сите инволвирани во процесот на социјализација.
- Комплекс на повисока вредност
Луѓето кои имаат комплекс на повисока вредност, се претставуваат повеќе од тоа што реално се.
Тие може да бидат просечни луѓе, без особено знаење или таленти, но да сметаат за себе дека се многу над другите, а тоа произведува надмено, арогантно однесување кое е иритантно за средината.
Комплекс на повисока вредност произлегува од преголеми очекувања на средината од поединецот, што тој си ги поставил како цел да ги задоволи.
Понекогаш да се допадне на средината, поединецот може да направи работи кои не се автентични за него, поради што може да се чувствува несреќен до крајот на животот!