Во Албанија од денеска стапија во сила новите мерки против коронавирусот, кои предвидуваат влез во земјата со негативен тест не постар од 72 часа, сертификат за вакцинација со датум од најмалку две недели од целосна вакцинација, брз антиген тест не постар од 48 часа, или потврда за прележан коронавирус, пренесуваат албанските медиуми.

Овие правила важат и за патниците што минуваат низ Албанија. Само децата до шест години се ослободени од мерките.

Граѓаните на Албанија кои немаат ниту еден од потребните документи по пристигнувањето во земјата, мора да бидат ставени во 10-дневен карантин.

Во Албанија на сила е полициски час од 23 часот до 6 часот наутро.