Дали сте често под стрес, лесно се нервирате и не можете да одржите самоконтрола во критични ситуации? Збогатете го вашето мени со печурки и ќе ви биде полесно, советуваат нутриционистите.
Богати со триптофан, аминокиселина која помага во контролата на стресот, печурките се најдобриот природен лек за нервоза и раздразливост.
Покрај триптофан, тие содржат и витамини од групата Б (особено Б12) неопходни за нормално функционирање на нервниот систем.
Нискокалорична, богата со растителни влакна и минерали како селен и бакар, инаку моќни антиоксиданти, печурките се идеална храна за сите оние кои сакаат да го зачуваат здравјето и да го забават стареењето.