Тој потенцираше дека никој во регионот не ја примил вакцината освен Србија, дека е платена и ако не беше така, сега немаше да ја имаме.
–Се потпревме на себе и на сопствената сила. Навремено започнавме да се справуваме со тоа и склучивме таканаречени билатерални договори и со Фајзер и со Русите. Се надевам дека кинеската вакцина што е регистрирана во Кина ќе биде достапна, таа вакцина е со исклучителен квалитет и веројатно најскапа – рече Вучиќ и додаде дека ќе му пише на кинескиот претседател доколку биде потребно.
Тој нагласи дека поради околностите, сè уште никој од неговото семејство не е вакциниран, иако родителите треба да го направат тоа, според бројот на години.
Вучиќ исто така рече дека секој има право да ја прими вакцината што ја посакува и додаде дека сите вакцини што пристигнале во Србија биле тестирани и одлични.