Канада објави дека ја одобрила вакцината на „Фајзер“ и „Бионтек“ и со тоа стана третата земја, по Велика Британија и Бахреин, што ѝ даде зелено светло на оваа вакцина против коронавирус.
– Канаѓаните можат да бидат уверени дека процесот на скрининг е ригорозен и дека имаме ефективни системи за контрола – се вели во соопштението на Министерството за здравство.
Владата на премиерот Џастин Трудо во понеделникот објави дека вакцинацијата на Канаѓаните ќе може да започне неколку дена по одобрувањето од Министерството за здравство.
Во Канада од коронавирус заболеле 435.000 луѓе и скоро 13.000 починаа.