Форбс магазин објави список на 100 најмоќни жени во светот, на кој германската канцеларка Ангела Меркел го зазема првото место десетта година по ред.
На второ место е шефицата на Европската централна банка, Кристин Лагард, а на трето е Камала Харис, новата потпретседателка на САД.
Првата жена, првата Американка со темна кожа и првата Американка од Азија на позицијата потпретседател на САД за прв пат се најде на листата на најмоќни.
На четвртото место е претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, а на 18-то место е директорката на ММФ, Кристалина Георгијева.
Најмоќните жени на 17-тата годишна листа на Форбс доаѓаат од 30 земји, а меѓу нив има 10 шефови на држави и 38 се од деловниот свет.
Тука се и сопругата на милијардерот Бил Гејтс, Мелинда Гејтс, ТВ sвездата Опра Винфри, кралицата Елизабета Втора, претседателката на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси, премиерката на Нов Зеланд, Jacасинда Ардерн, пејачите Ријана и Бијонсе.