Владата ќе достави до Собранието предлог за продолжување на кризната состојба до јуни, идната година.
Владата на денешната седница го усвои предлогот на Управувачкиот комитет за координација и управување во системот за управување со кризи и го утврди текстот на предлог – одлуката за одобрување на продолжување на рокот за постоење на кризна состојба на територијата на земјата, наведува владината прес-служба.
Со оваа предлог-одлука се предлага на Собранието да одобри продолжување на рокот за постоење на кризна состојба до 30 јуни 2021 година.
Овој потег на владата многумина го протолкуваа како обид да се искористи епидемиолошката состојба за ставање на политичките процеси во мирување, а како резултат на тоа и задржување на позицијата на власт подолго време и блокирање на сите обиди за дестабилизација на владата.