Кризниот штаб во рамките на град Белград, денеска со почеток во 10 часот ќе заседава со цел воведување на нови мерки и рестрикции.
Во рамките на Белград е воведена вонредна состојба поради алармантниот број на новозаболени со КОВИД19.
Ваквата одлука на новоформираната влада следува веднаш по реализацијата на изборниот процес во кој новата влада ја предводи СНС.
Во Македонија исто така се шпекулира дека олабавувањето на мерките има поврзаност со реализирање на изборниот процес и дека по изборите ќе почнат да се носат нови мерки и рестрикции.
Македонија е една од земјите во која има најмногу новозаболени на дневно ниво во однос на население од 100.000 жители.
И покрај тоа што бројот на новозаболени се зголемува секој ден, забрани и рестрикции нема, а изборниот процес е во полн ек.
Извор: novosti.rs