Владата најави дека нема да се откаже од барање на решение за спорот со Бугарија бидејќи како што тврдат тоа ќе го обезбеди членството на Македонија во ЕУ.
По тој повод се огласи министерот за надворешни работи кој рече дека сме многу блиску до решение со Бугарите и дека само нијанси во толкувања не делат до доаѓање на заедничка точка, барем кога е Гоце Делчев во прашање.
–Прашањето за Гоце Делчев е отворено во комисиите уште во ноември минатата година, меѓувреме направени се неколку обиди. Мислам дека во однос на содржините во неколку варијанти, разликите се веќе во нијанси помеѓу двете комисии, изјави на вчерашна прес-конференција министерот за надворешни работи на Македонија – Бујар Османи.