Со можеби најблага реторика досега, но без јасни сигнали дека Софија би ја повлекла блокадата, вицепремиерот Каракачанов во парламентот ја претстави бугарската позиција во однос на македонските евроинтеграции.
–Без надминување на говорот на омраза, без јасна ревизија на образовниот систем, нема како Бугарија да има друга позиција освен онаа што ја има, односно дека нема да даде согласност за првата меѓувладина конференција за започнување преговори со Република Македонија, изјави Красимир Каракачанов, вицепремиер на Бугарија.