Министерот за здравство на Србија – Златибор Лончар изјави дека момче и девојче нападнале лекар од Клиниката за инфективни болести во Белград, а по тој повод ја искршиле и вратата на институцијата.
–Не можеа да чекаат, тоа беше причината. И тие можат да чекаат во чекалните, како и другите пациенти. Она што тие го сторија е неприфатливо. Лекарите деноноќно се борат за животот на луѓето – рече Лончар. Како што вели, тие по тој повод ја скршиле вратата.