Државниот секретар на САД Мајкл Помпео денес објави дека ќе посети седум земји, сојузници на Соединетите држави, кои му честитаа на демократскиот кандидат Џозеф Бајден за победата на претседателските избори, иако Трамп одбива да ги признае.
Помпео рече дека ќе отпатува за Париз во петок, а потоа ќе ги посети Истанбул, Грузија, Ерусалим и тројца сојузници во Заливот – Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) и Катар.
Тој пред новинарите изјави дека за време на патувањето ќе разговара за „историските напори на Трамп да воспостави мир и соработка на целиот Блиски исток“, објави „Тајмс оф Израел“, повикувајќи се на Франс прес.