Дали Доналд ќе ја изгуби сопругата по изборите е прашање поставено од американските медиуми.

По неговата победа на претседателските избори во 2016 година, пишувале дека Меланија се расплакала.

„Никогаш не очекуваше дека ќе победи“, изјави нејзината пријателка за медиумите.

Дури пет месеци таа не сакала да се пресели од Њујорк во Вашингтон откако нејзиниот сопруг влезе во Белата куќа. Потоа се правдаше со зборовите дека сака да остане во Њујорк додека нивниот син Барон не заврши со училиштето, но се шушкало и дека и требаа пет месеци да преговара со Трамп за да го добие Барон истиот дел од наследството како и другите деца. Тие приказни неодамна ги потврдила нејзината поранешна пријателка и соработничка Стефани Волкоф.

Волкоф за медиумите изјавила дека двојката Трамп не спие во иста спална соба во Белата куќа и дека нивниот брак е „трансакциски“.

Неговата поранешна соработничка Омароса Маниголт Њуман тврди дека нивниот 15-годишен брак е завршен.