Доктор на на стручниот тим во владата на Република Србија, доктор Дарија Кесиќ на прес-конференција за медиуми ги откри најголемите причини за ширење на епидемијата.
Според нејзиното излагање, забележано е дека поголем број на новозаразени се млади-возрасни луѓе кои присуствувале на забави во кафулиња и дискотеки.
Поради тој податок, стручниот тим од лекари на Србија предлага воведување на уште една мерка која се однесува на посебен протокол за кафулиња и дискотеки и ограничување на нивното работно време.
Контактите во кафулињата и дискотеките се многубројни што дополнително го отежнува процесот на детектирање на сите потенцијални заразени или асимптоматски носители на вирусот.
Извор: novosti.rs