Постојат многу асимптоматски случаи, односно луѓе кои добиле позитивен тест на корона вирус, но се стекнале со трајни оштетувања на нивниот организам.
Најчесто во медицинските наоди на лица кои се бореле против КОВИД19 стои трајно оштетување на бели дробови, работа на срцето, а многумина имаат и проблем со покачен број на тромбоцити и згрутчување на крвта која може да доведе до тромбози.
Во пракса се познати случаи на неколку пациенти кои и по 6 месеци од оздравувањето се бореле со последиците и се чувствувале „болни“.
Исто така, во одредени случаи не доаѓа до стекнување на имунитет па пациенти со еднаш прележана болест повторно набрзо заболуваат. Лекарите сметаат дека тоа се должи на брзата мутација на вирусот и неговата отпорност кон средината, но и константното мутирање на вирусот во нови типови на кои организмот не создал имунизација.
Затоа најдобаро е, според СЗО да не се оди на стекнување на колективен имунитет, туку на превенција и искоренување на вирусот со запирањето на можностите за негово пренесување.