Пред само денови, брендот Kenzo ја презентира новата колекција на Париската модна недела.
Креациите привлекоа големо внимание кај нас, затоа што инспирација за колекцијата беше „Медена земја“ со главниот лик Атиџе.
Во текот на вчерашниот ден стигна вест дека јапонскиот дизајнер Кензо Такада ја изгубил битката со корона вирусот.
Тој почина во болницата во Франција каде неколку дена се наоѓал на болничко лекување, но за жал поради драстично и неочекувано влошување на неговата здравствена состојба во текот на вчерашниот ден – почина.