дома информација вест Штедачите од „Евросандард банка“ се оштетувани и за повеќе од 50.000 евра...

Штедачите од „Евросандард банка“ се оштетувани и за повеќе од 50.000 евра – Протести пред Собрание

894
0

Група на штедачи од „Евростандард банката“ за која се води стечајна постапка, протестираат пред Собрание.

Некои од штедачите се оштетени и за 50.000 евра, кои како што тврдат банката ги користела за издавање на кредити на странки без покритие и гаранција дека ќе ги вратат парите, а сето тоа со „благослов“ на Нардона банка.

Протести пред Собрание на оштетените по стечајот на Евростандард банка

Тие бараат државата да донесе Закон по итна постапка и да најде начин веднаш да се обештедат штедачите од „Евростандард банка“.

„Вратете ги парите“, „Лопови, лопови “, „Која банка е следна?“ , „Даваме кредити без покритие“, ова беа само дел од паролите што ги извикуваа револтираните оштетени штедачи од „Еуростандард банка“ кои излегоа на протест пред Собранието.

Извор: Нова Македонија