„Sotheby’s“ е овој месец домаќин на онлајн аукцијата на предмети кои им припаѓале на познатите Битлси.
Аукцијата е организирана по повод одбележување 50 години од распадот на британскиот бенд.
На продажба се предмети кои ја опфаќаат целата издавачка кариера на бендот, вклучувајќи и потпишана копија од синглот на познатата четворка од 1962 година „Love Me Do“, чија вредност е проценета на 19.000- 25.400 долари, пишува „Ројтерс“.
Меѓу останатите предмети се и познатите очина на Џон Ленон, чија вредност е проценета на 38.000-50.000 долари, како и неговиот документ за школски укор кој вреди околу 6.000 долари.