Можно е пролонгирање на мерката за продолжено породилно за 1 до 2 месеци за да можат децата да се адаптираат во градинка.
Последниот збор ќе го каже Владата до крајот на неделата.
Ова е исходот од денешната средба на Премиерот и министрите за здравство и труд и социјала со претставнички на мајките на трудничко кои протестираа.
Започнувајќи од 23 овој месец, хронично болните, мајки на деца до 6 години и жените кои користеа породилно отсуство се вратија на работа поради што имаше бура рекации во јавноста.
Извор: Сител