дома информација вест Цела светска јавност се крена за напад на жена во Стразбург на...

Цела светска јавност се крена за напад на жена во Стразбург на улица затоа што носела здолниште, во Македонија таквите напади се секојдневие а луѓето ги прифаќаат како нормални

1188
0

Француската полиција отвори истрага откако една жена во Стразбур изјави дека била нападната среде бел ден затоа што носела здолниште.


Студентката, идентификувана само како Елизабет (22), рече дека била удрена со тупаница во лицето „од три лица кои се жалеле дека носи здолниште“.


Владата го осуди „многу сериозниот“ инцидент како неприфатлив.

Во интервју за радиото Франс Блу Алзас, Елизабет рече дека одела дома кога еден од тројцата мажи рекол: „Погледнете ја таа курва во здолниште“.


Двајца од тројцата мажи потоа ја држеле додека третиот ја удри по лицето, оставајќи ја со модро око, изјави таа во полициска станица. Мажите потоа избегале.


Таа рече дека повеќе од десетина лица биле сведоци на инцидентот, но никој не интервенирал.


Во средата, заменик министер за внатрешни работи Марлен Скиапа – го посети источниот град за да разговара за безбедноста на жените во јавноста.


Таа за Франс Блу Алзас изјави дека

Здолништето не е одговорно за нападот, а жената уште помалку.
Жената никогаш не е погодена затоа што носи здолниште. Жената е погодена затоа што има луѓе кои се мазогинисти, сексисти и насичници.

Извор: BBC