Полициските службеници во Атланта пукале и убиле 27-годишен Афроамериканец, откако го пронашле како спие во близина на премин за автомобили пред ресторан за брза храна. Американските медиуми пишуваат дека станува збор за 27-годишниот Рајшард Брукс.
Во полицискиот извештај пишува дека, полицијата излегла на терен, откако добила повик дека еден автомобил го блокирал преминот на другите.
Полицајците во возилото го проначле 27-годишниот Брукс, кој не го поминал алхо-тестот, по што полициските службеници сакале да го приведат, но тој давал отпор.
Во тој момент, еден од полицајците извадил електричен шокер, но Брукс се обидел да го земе, по што било пукано во него. Брукс е одведен во болница, но лекарите не успеале да го спасат.
Убиството на уште еден невооружан афро-американец се случува во периодот кога низ улиците на неколку градови во САД масовно се протестира по повод одземениот живот на невооружаниот Џорџ Флојд од страна на полициски сужбеник.
Извор: telma.com.mk