дома информација вест Нов Зеланд е во најдлабока рецесија во последните неколку децении поради мерките...

Нов Зеланд е во најдлабока рецесија во последните неколку децении поради мерките за заштите од КОВИД19

884
0

Нов Зеланд е во најдлабока рецесија во последните неколку децении, следејќи ги строгите мерки како одговор на пандемијата предизвикана од „Ковид-19“.

Првично владата на Нов Зеланд беше пофалена поради начинот на кој се справуваше со пандемијата предизвикана од КОВИД19, но ригидното придржување до мерките донесе нов голем економски проблем.

БДП-то на земјата се намали за 12,2% помеѓу април и јуни, откако се воведе карантин и се затворија границите за влез на странски државјани.

Тоа е прва рецесија на Нов Зеланд од глобалната финансиска криза и најтешка од 1987 година, кога започна сегашниот систем на мерење.

Владата се надева дека нејзиниот одговор на пандемијата ќе доведе до брзо закрепнување, а според официјалните соопштенија приоритет на владата е здравствената состојба на населението.

Извор: BBC