дома информација вест Бројките ги докажуваат катастрофалните последици од КОВИД19, еве колку е стапката на...

Бројките ги докажуваат катастрофалните последици од КОВИД19, еве колку е стапката на смртност во споредба со сезонски грип

910
0

До саботата наутро, 924.793 лица починаа од КОВИД-19, што е 3,2 проценти од вкупниот број заразени.

Вкупниот број на заразени е повеќе од 28,9 милиони луѓе, и тој број, се разбира, ќе продолжи да расте, сè додека не се открие вакцина што ќе ја победи чумата во 21 век.

Затоа, погледите на целиот свет се насочени кон најголемите светски фармацевтски компании кои брзаат да откријат вакцини.

Оној кој ќе успее да открие и да пласира на пазарот вакцина способна да брани од корона вирус, сигурно ќе влезе во аналите на светската цивилизација.

Имено, појавата на корона вирусот несомнено покажа и докажа уште еднаш колку е ранлива светската цивилизација, односно „колку сме мали под sвездите“ и неподготвени да се спротивставиме на таквата пандемија.

КОВИД-19 владее со светскиот поредок како никаква природна сила до денес. Научниците се фрлени на колена и принудени да го извлечат најдоброто од себе за да откријат лек за корона вирусот.

Се разбира, има и такви кои ја тривијализираат и негираат целата ситуација и го прифаќаат коронавирусот со големо сомневање и велат дека тоа е „заговор од светски размери“.

Дека овој вирус е далеку посмртоносен од сезонски грип покажаува фактот што во текот на една година од сезонски грип умираат 650.000 луѓе, а од КОВИД19 само досега умреле 924.793 пациенти.

Извор: slobodnadalmacija.hr