дома информација вест Во моментот низ болниците во Македонија се хоспитализирани 338 пациенти заразени со...

Во моментот низ болниците во Македонија се хоспитализирани 338 пациенти заразени со КОВИД19

943
0

Вкупно 338 пациенти во моментов се хоспитализирани низ болниците во државата поради коронавирусот.

Според официјалните податоци, на Инфективната клиника вкупно се хоспитализирани 85 пациенти. На кислородна поддршка се 44 пациенти, а нема пациенти на механичка вентилација.

Во болницата во Козле хоспитализирани се 5 деца и 5 мајки позитивни на ковид-19, како и 5 деца и 5 мајки суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ вкупно хоспитализирани се 35 пациент. На респираторна машина се 4 пациенти. Останатите пациенти се хоспитализирани во други болници низ општините: Битола, Штип, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Струмица, Гостивар, Струга и Тетово.

Извор: Нова Македонија