Германската индустрија очекува мало зголемување на производството во наредните месеци, а индексот на производство во тој сектор се зголеми на 15,4 поени во август, од 14,3 поени во јули, според германскиот институт за економски истражувања ифо.Производителите на машини и опрема очекуваат зголемување на производството за прв пат во повеќе од една година, бидејќи индикаторот во тој сектор се зголеми на 3 поени, од минус 12 поени во јули.
Очекувањата во производството и преработката на метали се исто така позитивни, првпат по скоро две години, со пораст на 5 поени, од минус 11 поени во јули.
Додека производителите на моторни возила сè уште очекуваат зголемување на производството, индикаторот сепак покажува мало намалување на проекциите од 49 поени во јули на 48 во август.
Во хемиската и фармацевтската индустрија, вредностите на индикаторите останаа непроменети, односно 19 и 22 поени.
Сепак, производителите на обувки и производи од кожа сè уште не се опоравуваат. Нивниот индекс на производство драстично опадна, на минус 56 поени, 37 поени помалку отколку во јули.
Германскиот сојузен завод за статистика Дестатис ги објави денес јулските податоци за индустриското производство, кои покажуваат благ скок од 1,2 проценти во споредба со јуни, но и пад од 10 проценти во однос на јули 2019 година.
Извор : Nova Ekonomija;