дома информација вест Втора одложена отплата на кредитни услуги во банките во Македонија

Втора одложена отплата на кредитни услуги во банките во Македонија

914
0

Банките ќе овозможат втор период на одложена отплата на кредитите само за клиентите кои имаат реална, неопходна потреба како на пример да останале без работа, имаат намалени месечни примања, високи трошоци за лекување и слично, соопштија од МБА.

Првата одложена отплата на кредитите важеше за сите корисници поради фактот што секој од нив беше погоден од епидемијата на директен или индиректен начин.

Исплатата на кредитите по првото одложување треба да започне од месец октомври.

Втората одложена отплата беше побарана од неколку корисници на кредитни услуги низ банките во Македонија, но тие треба да исполнуваат посебни услови за да стекнат право на одложување.

Извор: Канал5