Со оваа Одлука се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,52%, во однос на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени согласно Одлуката на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија од 24.08.2020 година.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со изминатиот седумдневен период бележат зголемување кај бензинот во просек за околу 2,533% или за 10,350 $/тон, кај дизелот намалување во просек за околу 1,317% или за 4,850 $/тон, кај екстра лесното масло намалување во просек за околу 0,014 % или за 0,050 $/тон и кај мазутот зголемување во просек за околу 0,737% или за околу 2,050 $/тон, поради што во структурата на цените на нафтените деривати е извршено соодветно прилагодување.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот седумдневен период изнесуваше 52,2620 ден/$ и е за околу 0,558% повисок од курсот на доларот (51,9719 ден/$) по кој беа формирани цените со претходната пресметка. Имајќи ги предвид влијанијата на овие елементи во формирањето на цените на нафтените деривати според Методологијата, малопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, се зголемуваат во просек за 0,52%. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 0,50 ден/лит, во однос на цените утврдени со Одлуката од 24.08.2020 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 60,00 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 62,00 ден/лит. Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), не се менуваат, односно остануваат на исто ниво како што биле утврдени со Одлуката од 24.08.2020 година, и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 52,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 51,50 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,251 ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 24.08.2020 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 26,531 ден/кг.
Акцизите на нафтените деривати во сите групи на малопродажни цени се утврдени согласно со прописите за акцизи. Во малопродажните цени утврдени со оваа Одлука содржани се: надоместокот за финансирање на активностите во областа на животната средина кои согласно Законот за животната средина го плаќаат обврзниците утврдени со овој Закон и надоместокот за задолжителни резерви на нафта и нафтени деривати кои согласно Законот за задолжителни резерви на нафта и нафтени деривати го плаќаат обврзниците утврдени со овој закон при увоз и/или производство на нафтени деривати. Бр. 02-1802/1 31.08.2020 С к о п ј е.
- Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС 95 – 60,00 ден/литар
- Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС 98 – 62,00 ден/литар
- Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС ДЕ V – 52 ден/литар
- Масло за горење ЕЛ1 – 51,50 ден/литар
- Мазут – 26,531 ден/литар