Актуелниот и идниот министер за здравство Венко Филипче, најави дека Македонија навремено ќе има пристап до вакцина за КОВИД19.
Вакцината ќе се примени за 20% од населението и тоа за хронично болните и стари лица кои спаѓаат во ризична категорија.
Засега е извесно дека Македонија нема да аплицира за руската вакцина.
Најверојатно се очекува британската вакцина да се доведе во завршна фаза и таа ќе биде вакцината која ќе се користи во Македонија.
Најверојатно вештачкото имунизирање ќе биде на доброволна база и селективно, односно само за население кое има ризик од компликации при заболување со КОВИД19.
Извор: МИА