Охридскиот рамковен договор е договор за внатрешното уредување на малцинските права во Република Македонија, потпишан на 13 август 2001 година помеѓу претставниците на тогашните најголеми политички партии и специјални претставници на ЕУ и на САД.
Охридскиот договор е склучен во текот на ескалацијата на насилства помеѓу етнички албанската ОНА и македонските вооружени сили во Конфликтот од 2001.
Поради тоа, многу граѓани, особено од македонска националност, го сметале договорот за насилно изнуден и неприфатлив.
Сепак и 19 години по потпишувањето на договорот тој доследно се спроведува, иако македонскиот етникум го смета за наметнат од меѓународниот фактор и поразителен за положбата на македонците како конститутивен народ во Македонија.
Од фотографијата подолу и од лицата на неа може сами да заклучите кои од нив се со насмевка и слават победа, а кои со многу гнев и револт на своите лица го потпишуваат договорот:
Извор: Википедиа