Владата донесе одлука, Информација со план за настава да биде доставена на разгледување до Комисијата за заразни болести.
Комисијата за заразни болести ќе ги разгледа сите можности за безбедно реализирање на наставата во учебната 2020/2021 година во услови на епидемија.
Голем број на родители, истакнаа дека најприфатливо решение за нив е реализирање на онлајн настава во која децата ќе учат од своите домови.
Сепак, просветните работници, управите на училиштата и Министерство за образование и наука се соочи со голем број на предизвици, проблеми и недостатови што ги нуди таа форма на реализирање на наставниот процес.
Решението за одржување на наставата треба да се усвои пред почетокот на учебната година (1ви Септември) а Планот за настава важи за основното и средното образование.
Извор: Миа