Времето денеска во Македонија е сончево со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер од јужен правец. До крајот на денот се очекува променливо облачно време со сончеви периоди, а на одделни места ќе има услови за локални слаби врнежи од дожд.

Утре времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат пообилни. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, поизразен долж Повардарието. Минималните температури ќе се движат од -1 до 4 степени, додека максималните ќе достигнат од 11 до 15 степени.

Во Скопје, претпладне ќе преовладува облачно време, а попладне се очекуваат услови за слаби врнежи од дожд. Температурата ќе се движи од минимални 4 до максимални 13 степени.

Во наредните денови времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни. Поради продор на постудена воздушна маса, на планините и на повисоките места врнежите повремено ќе преминуваат во снег.

Во среда и четврток ќе дува умерен, а на места и засилен ветер од источен и североисточен правец, додека од петок се очекува северен ветер. Дневните температури ќе бидат во опаѓање.

Најниски температури утринава се измерени на Попова Шапка (6°C) и Крушево (9°C), додека највисока дневна температура од 19 степени е измерена во Скопје – Петровец. Снежната покривка на Попова Шапка изнесува 50 сантиметри.